Германската канцеларка Ангела Меркел, за првпат во својот 14-годишен мандат на чело на германската Влада, денеска го посети поранешниот концентрационен логор на Третиот рајх во Аушвиц, и истакна дека тоа што се случило во Аушвиц човечкиот им не може да го разбере.
По доаѓањето во логорот таа прво го посети музејот во кој се наоѓаат многу предмети на поранешните логораши, но и остатоци од опремата за убивање на луѓето. Заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјеци таа положи венец на „ѕидот на смртта“, пред кој биле убиени илјадници лица.
– Важно е злосторниците да ги нарекуваме со вистинските имиња, а тоа сме ние Германците. Потсетувањето на злосторствата е наша одговорност, која никогаш нема да престане – нагласи Меркел.
Меркел истакна дека злосторствата на нацистите во овој логор се неодвоиви од германскиот идентитет.
Злосторствата во Аушвиц се цврст дел од нашиот национален идентитет, рече таа, и укажа дека злосторствата никогаш не смеат да се зборават, да се подвлече линија, нити да се релативизираат.
Посетата на Меркел на Аушвиц во Германија се оценува како историски настан. Во овој логор досега биле само двајца германски канцалари. Последен беше Хелмут Кол во летото 1995 година. Пред него во 1977 година престојуваше тогашниот канцелар Хелмут Шмит, како прв германски канцелар кој го посетил Аушвиц.