Меркел оптимист дека британскиот Парламент ќе го одобри договорот за Брегзит

38
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска  изјави дека очекува британскиот парламент да го одобри договорот за Брегзит, кој британскиот премиер Борис Џонсон го склучи со ЕУ.

– Јас на овој договор му давам многу, многу голема шанса да биде одобрен и во Велика Британија и тоа би било добро за сите нас – рече Меркел на собир на бизнисмени во Берлин.

Џонсон денеска ја доби најзначајната поддршка во предизборната кампања, откако Партијата за Брегзит на Најџел Фараж се повлече од трката на 317 места, сакајќи да помогне во победата на конзервативните кандидати и да ги спречи противниците на Брегзит да го контролираат следниот парламент.

Овој потег значително ги зголемува шансите на Џонсон да остане премиер и конечно да се спроведе резултатот од референдумот одржан во 2016 година, кога Велика Британија одлучи да ја напушта Европската унија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...