Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека политиката на НАТО за заштита на сите членки на Алијансата важи за сите земји, а не само за големите, вклучувајќи ја и Црна Гора.
Меркел на прес-конференцијата во Берлин изјави дека член 5 од одредбата за колективна одбрана е „централен елемент на НАТО” и дека таа верува дека овој член важи за сите членки на НАТО подеднакво.
Според неа, Црна Гора направила големи напори за да стане членка.
Неодамна американскиот претседател Доналд Трамп реагираше дека мала земја како Црна Гора може да ги вовлече големите земји во конфликт и оцени дека Црногорците се агресивен народ кои можат да предизвикаат Трета светска војна.