Германија и Русија мораат да продолжат да трагаат за решение на судирите во Украина, а договорите од Минск остануваат основа за решение, истакна денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– Веќе долго време работиме на тоа, а договорите од Минск беа и ќе останат основа за решение на судирите. Иако морам да кажам дека сѐ уште нема стабилен прекин на огнот – изјави Меркел пред почетокот на синоќешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Таа истакна оти се надева дека пред почетокот на учебната година ќе биде направен уште еден обид со цел да се оствари напредок.
– Исто така ќе зборуваме и за можноста за започнување на мисија на ОН што ќе придонесе за помирување – нагласи Меркел, посочувајќи дека Германија е подготвена да придонесе кон тие напори, во рамки на „нормален формат“.
Како што јави МИА, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас посочи дека Берлин е подготвен на „даде нова динамика на мировниот процес од Минск“.