Германската канцеларка Ангела Меркел нема веќе да се кандидира за претседател на партијата ЦДУ. Според партиски извори, таа ова и го кажала на својата партија.
Оваа одлука доаѓа откако нејзината партија доживеа тежок пораз на регионалните избори, што е закана за стабилноста на владејачката коалиција.
Меркел е претседател на ЦДУ од 2000 година, со што стана еден од нејзините најдолгорочни претседатели.
Таа ја предводи Германија како канцелар од 2005 година и сака да остане на таа функција.
Наводно, Меркел им кажала на лидерите на партијата ЦДУ дека нема да се кандидира за лидер откако и оваа централнодесничарска партија и централнолевичарската партија СПД викендов претрпеа тежок удар на гласањето во државата Хесен.
Сепак, таа рече дека би сакала да остане канцелар, објавија локалните медиуми.