Меркел и Трамп разговарале за решавање на проблемот меѓу Србија и Косово

139

Германската канцеларка Ангела Меркел во вчерашниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп разговарале, меѓудругото, и за решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина.

Таа истакна дека постоечките територии се „значајна вредност“ и треба да се внимава одредени решенија да не предизвикаат последици врз други земји.

Меркел изјави дека „ги поддржува сите разговори кои водат до целта – решавање на проблемот меѓу Белград и Приштина, но територијалниот интегритет, каков што е создаден и сега постои, исто така е важна вредност. Тоа го нагласив и при неодамнешните разговори со премиерите на Црна Гора и на БиХ. Мора да внимаваме потезите на една територија да не доведат до потези на други територи“.

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи изминатиот викенд разговараа за време на Европскиот форум во Алпбах и ја повикаа меѓународната заедница да го поддржи евентуалното решение кое би се постигнало во преговорите за нормализирање на односите.

Советникот на Доналд Трамп за национална безбедност Џон Болтон порача неодамна дека САД не ја исклучуваат можноста за територијална корекција меѓу Србија и Косово, додека Европската комисија порача да им се даде простор на Белград и Приштина да се договорат за содржината на договорот за нормализација на односите.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека на Србија и се укажува историска можност да добие нешто за својот народ и граѓаните на Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...