Меркел и Макрон организираат конференција за Западен Балкан на 29 април во Берлин

107
Photo: EPA / YOAN VALAT

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе организираат кон крајот на април во Берлин конференција на која се поканети земјите од Западен Балкан, но и Хрватска и Словенија, како и претставници на Европската Комисија.

– На конференцијата на 29 април се очекуваат најмногу претставници од тие земји – изјави портпарол на германската Влада.

Главна тема на разговорите треба да биде стабилноста и поволниот развој на регионот.

Германската канцеларка и францускиот претседател сакаат да расправаат со гостите за посебните предизвици во регионот, особено за Србија и Косово.

Германија и Франција се иницијатори на т.н. Берлински процес, кој почна во 2014 година, со цел стабилизација на безбедноста и подобрување на политичките и економските односи меѓу земјите од Западен Балкан.

Идната конференција во рамки на Берлинскиот процес ќе се одржи на почетокот на јуни во Полска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...