Меркел денеска слави роденден

143
ФОТО: EPA-FRANCOIS-LENOIR--POOL
Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска го прославува 65-иот роденден.
Таа е родена на 17. јули 1954 година, а од 2005 година ја врши функцијата канцелар. Меркел веќе наредната година ги исполнува условите за пензија, но таа има намера да остане канцелар до завршувањето на мандатот во 2021 година.
Од нејзината канцеларија соопштија дека Меркел ќе ја води редовната седница на својот кабинет, што се одржува секоја среда.

– Роденден не значи дека човек станува постар. Можеби, само малку поискусен – кажа Меркел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...