Меркел го критикуваше Трамп за ксенофобијата кон конгресменките

68
ФОТО: EPA / KIMMO BRANDT

Твитовите со ксенофобски пораки на американскиот  претседател Доналд Трамп „им противоречат на тоа што Америка ја прави голема“, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел, изразувајќи солидарност со четирите конгресменки од Демократската партија, кои ги претставуваат малцинствата, а беа нападнати од американскиот лидер.

– Цврсто се дистанцирам од (нападите) и упатувам солидарност кон нападнатите жени – рече таа, додавајќи дека, според неа, „силата на Америка е во тоа што луѓе од различно потекло придонесоа за тоа земјата да биде голема“.

ФОТО: EPA / KIMMO BRANDT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...