Меркел ги повика светски сили во Берлин на Самит за Либија

Поканети се и претставници од САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Обединети Арапски Емирати, Турција, како и неколку африкански и арапски држави.

52
ФОТО: EPA / CLEMENS BILAN

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги покани светските сили во недела на Самит во Берлин каде ќе се разговара за напорите за постигнување мир во Либија.

Меркел одлучи да биде домаќин на средбата по консултациите со генералниот секретар на Обедините нации, Антонио Гутереш.

Германија упати апел до премиерот на либиската Влада на национално единство, Фајез ал Сараџ со седиште во Триполи и до генералот Калиф Хафтар, лидер на ривалската Либиска национална армија на состанок на 19 јануари.

Поканети се и претставници од САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Обединети Арапски Емирати, Турција, како и неколку африкански и арапски држави.

Во Москва вчера на иницијатива на претседателот на Русија, Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган беше одржан состанок со претставници на Либија. На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и на Турција.

По повеќе од осум часа преговори ал Сараџ потпиша договор, додека Хафтар ги напушти преговорите, не потпишувајќи го договорот и се врати во Либија. Тој побара уште еден ден да размисли за потпишување на договорот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...