Меркел: Германија има интерес од континуиран економскиот развој во Турција

72

Германија има „стратешки интерес” од стабилен економски развој во Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизиска станица Ер Те Ел.

Меркел рече дека Германија и Турција треба да го зајакнат дијалогот и соработката и покрај несогласувањата што ги имаат околу бројни политички прашања.

– Германија има стратешки интерес од стабилен економски развој во Турција. Ако дејствуваме на начин кој ќе ја ослабне Турција, тоа нема да биде во наш интерес – рече таа.

Изјавата на канцеларката доаѓа во услови кога, според медиумите, Берлин бара начини да и помогне на Турција да ги надмине економските потешкотии.

Меркел, исто така, ги отфрли критиките од страна на германските опозициски партии за планираната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 28 и 29 септември.

– Не можеме секогаш да размислуваме за светот во црно-бело, тоа не е реалност – рече таа.

Меркел додаде дека германско-турските односи се „посебни” поради повеќе од три милиони Турци што живеат во Германија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...