Компанијата „Меркатор“ почна со продажба на 13 трговски центри, од кои еден во Словенија и 12 во БиХ, Хрватска и Србија, со што продолжува примената на стратегијата за намалување на долговите на „Меркатор Група“.
„Меркатор“ лани продаде 10 шопинг центри во Словенија на австрискиот инвеститор „Супернова“, а сега ги продава шопинг центарот во Копар, четири недвижности во Хрватска, шест во БиХ и две во Србија.
Сите недвижности се продаваат по принципот на закуп, што значи дека „Меркатор“ останува закупец на недвижностите кои во моментов ги поседува.