Водителот Пирс Морган (54) ја интервјуирал Мел Би (43), а јавноста е шокирана од нејзините искрени одговори. Во публиката, со шокирано лице, седела нејзината колешка од бендот „Спајс грлс“, Мел Си (45).
Девојките кои во доцните деведесетти години „хараа“ по топ листите повторно се собраа и почнаа да настапуваат без Викторија Бекам (45).
– Таа е кучка, тоа сите го знаеме. Но, ја сакам, и многу ми е жал што не е со нас. Се надевам дека ќе се предомисли – рекла Мел Би.
За Гери Халивел (46) рекла дека ѝ го скршила срцето кога во 1998 година, точно на нејзиниот роденден, во Осло го напуштила бендот.
Откако Пирс малку ја наговарал, Мел Би „признала“ и дека пред многу години спиела со Гери.