Меланија Трамп против гласините: Не се секирајте, тука сум во Белата куќа со семејството

Гласините зачестија 20 дена од последниот пат кога се појави во јавност.

260

Првата дама на САД Меланија Трамп се нема појавено во јавност по операцијата што ѝ беше направена месецов, па реши да се обрати на јавноста и да објасни дека сѐ е во ред со нејзиното здравје и брак.

– Гледам дека медиумите работат прекувремено со шпекулирање каде сум и што правам. Не се секирајте, тука сум во Белата куќа со моето семејство, се чувствувам супер и работам за децата и американскиот народ – напиша Меланија на Твитер.

Гласините зачестија 20 дена од последниот пат кога се појави во јавност, со претседателот Трамп кога ги пречекаа тројцата Американци ослободени од Северна Кореја.

Откако ќерката на Доналд Трамп, Иванка, се обрати на денот за спорт и фитнес во Белата куќа, настан што го промовираше претходната прва дама Мишел Обама, шпекулациите се засилија.

– Одлично се чувствува. Не би го квалификувала ова како долго отсуство. Беше во болница речиси една недела, а сега закрепнува дома – рече портпаролката на првата дама Стефани Гришам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...