Првата дама на САД, Меланија Трамп, го поддржа кошаркарот Леброн Џејмс, откако нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, го навреди на Твитер, пренесе Би-би-си.
Портпаролката на Меланија изјавила дека Леброн Џејмс „работи на тоа да направи добри работи“ со училиштето во родниот град Охајо. Портпаролката порачала дека првата дама на САД сака „да има отворен дијалог за проблемите со кои се соочуваат децата“.
Доналд Трамп на Твитер објави дека новинарот на Си-ен-ен, Дон Лемон, успеал да направи Леброн да изгледа паметно, што, според него, „не е лесно“.