Меланија засади дрво во чевли од 700 долари кои пропаѓаа во земјата

602

Дека животот на висока општествена позиција бара различни вештини и снаоѓање, покажа и првата дама на Америка, Меланија Трамп.

Убавата Словенка навикнавме да ја гледаме во женствени, елегантни комбинации, па така беше и на свечениот прием, кога заедно со сопругот Доналд Трамп ја дочекале претседателската двојка на Кенија.

Меланија за оваа прилика избрала златно свилено здолниште со висока половина со цветен дезен, во комбинацијата со едноставно розова блуза без ракави.

Од деталите тука бил само дискретниот каиш во златна боја, а покрај оваа комбинација облекла розови салонки со висока потпетица, кои се практично нејзин заштитен знак.

Оваа елегантна комбинација би била нешто сосема вообичаена, доколу Меланија по свечениот прием и разговорот со кениската претседателска двојка не тргнала на – копање!

Со лопата во рацете, Меланија ја ископала земјата и посадила едно дрво на традиционалната церемонија на садење на дрвја во раскошниот двор на Белата куќа.

Иако била совршено облечена и сосема во својот стил, многумина ја критикувале, бидејќи на скапоцената свила и вртоглаво високите потпетици дефинитивно тука не им е местото.

Инаку, чевлите чинат 700 долари и се дело на дизајнерот Кристијан Лабутин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...