Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД

163

Мексико веднаш ќе ги депортира мигрантите кои се обидоа вчера насилно и илегално да ја преминат границата со САД, соопшти мексиканското Министерство за внатрешни работи.

Според Министерството, мексиканските власти успеале да го стават под контрола протестот на граничниот премин меѓу Тихуана и Сан Диего. Но, и покрај големите тензии во тој регион, нема да испратат војници за да ги контролираат околу 7.400 мигранти, кои пристигнале на мексиканско-американската граница.

Околу 500 мигранти од Централна Америка се обидоа вчера насилно да го пробијат патот кон САД преку граничниот пункт Сан Исидро во Тихуана. Тие биле спречени од американските граничари, кои го затвориле преминот и употребиле солзавец против мигрантите.

Неколку часови потоа граничниот премин бил повторно отворен за сообраќај и во двата правца.

ФОТО: Архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...