Камион, кој превезувал мигранти од Централна Америка, се преврте на автопат во јужниот дел на Мексико доцна синоќа, при што загинаа најмалку 25 лица, а 29 се повредени, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случи во државата Чиапас, која граничи со Гватемала.
Медиумите соопштуваат камионот од три тони, кој бил без лиценца, скршнал од патот и се превртел.
Секоја година, илјадници мигранти од Централна Америка, главно од Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, се впуштаат вот опасни патувања низ Мексико, обидувајќи се да стигнат до САД.