Медведев: Со Зеленски е можно поправање на односите со Украина

94

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, очекува новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски да продолжи со досегашната реторика, но верува оти постои моќност да се поправат билатералните односи.

– Нема сомнеж, во однос на Русија, новиот претседател на земјата ќе ја има истата реторика како и за време на претседателската кампања, и повторување на добро познатите идеолошки формули фокусирани на одредена група луше, напиша Медведев на Фејсбук.

Тој додаде дека нема илузии, но оти постои можност за поправање на односите помеѓу двете држави.

Украинскиот комичар Володомир Зеленски вчера победи во вториот круг од претседателските избори во Украина. Според првичните податоци, Зеленски освоил 73 отсто од гласовите, додека Порошенко само 25 проценти.

Зеленски синоќа изјави дека негова прва задача како претседател на Украина ќе биде да обезбеди ослободување на воените затвореници кои се во притвор во Источна Украина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...