Хари во 2017 година својата избраничка ја вери со прстен кој на себе имаше два дијаманти од личната колекција на неговата покојна мајка – принцезата Дијана.
Неодамна Меган Маркл на традиционалниот настан „Поздрав на боите“ во Лондон се појави за прв пат по породувањето, а јавноста збуруваше за нејзиното впечатливо издание.
Но, кога Меган ги тргна ракавиците следеше вистинско изненадување, а британските медиуми тоа го пренесоа дури сега…
Имено Меган го покажала новиот веренички прстен, две години откако Хари и го подари првиот.
Се верува дека и тоа е подарок од принцот Хари, овој пат за годишницата од бракот, и дека цената на оваа обнова чини околу 4.000 фунти.
Британските медиуми пренесоа дека ова е само делче од колекцијата накит на Меган Маркл за која се верува дека содржи повеќе од 90 парчиња накит и вреди повеќе од 600.000 фунти.