Војвотката од Сасекс Меган Маркл пристигнала во придружба на својот сопруг принцот Хари во Ирска каде што за само неколку часа променила четири стајлинзи.
Со себе повела тим од 11 луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед, но се чини дека на сите, па и на убавата Американка во брзање заборавила пропуштила на еден детаљ.
Меган за да изгледа беспрекорно во текот на кратката посета на соседна Ирска, ангажирала цел тим да се погрижат за нејзината фризура, гардеробата, но и за модните додатоци. Сепак, на сите успеала да им се поткрадне грешката која британските фоторепортери брзо ја снимиле.
Имено, при излегувањето од авионот веднаш по доаѓањето на аеродромот во Даблин 36-годишната Американка ја покажала модната грешка поради која станала главна тема на таблоидите.
Меган одбрала елегантна комбинација во зелена боја со потпис на модната куќа „Живанши“, а со тоа комбинирала чанта со боја на коњак од брендот „Стратбери“ кој често со задоволство го носи.
Меѓутоа, Меган во брзање очигледно заборавила да ја отстрани заштитната фолија од металните делови на чантата.
An adorable 3-year-old couldn't resist touching Meghan Markle's hair during the royal couple's trip to Ireland — and Prince Harry wasn't having it. https://t.co/jxTpitJgH4 pic.twitter.com/dHZ7LGXhPl
— CBS News (@CBSNews) July 11, 2018