Во септемвриското издание на „Вог“ Меган ја интервјуирала поранешната прва дама на САД, со која зборува за мајчинството, за воспитувањето на нејзините две ќерки…, пренесува Макмода.
На прашањето, кои се советите што им ги дава на ќерките Малиа и Саша, Мишел Обама вели:
– Им повторувам дека не е толку важно да се живее според зададените обрасци. Им зборувам како се надевам дека ќе бараат нови искуства се додека потполно не се пронајдат во едно. Исто така, ако нешто им се допаѓало вчера, не мора да значи дека мора да им се допаѓа и утре. На пример, јас се одлучив за кариера на адвокатка зашто таа професија звучи респектабилно, а дури години подоцна ја пронајдов мојата вистинска професија. И тоа сакам моите ќерки да го сфатат што порано – не постои еден зацртан пат по кој треба да тргнеме и сосема е во ред да се скршне од патот на кој моментно се наоѓаме.