Меган Маркл не носи Ем енд Ес хулахопки, оти биле евтино „ѓубре“

315

Британската војвотка од Сасекс, Меган Маркл, одбила да носи хулахопки од Ем енд Ес, оти биле „ѓубре“, изјави неименуван извор за „Сан“.

– Пред роденденот на принцот Чарлс (70) во градината на Бекингемската палата, Меган побара хулахопки и ја испрати помошничката да купи еден пар. Помошничката ѝ рече дека ќе отиде до Ем енд Ес дуќан, но Меган се побуни: „Нема да ме облечете ’во ѓубре’, сакам Волфорд”, раскажува изворот.

Инаку, хулахопките на Волфорд се до шестпати поскапи од оние на Ем енд Ес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...