Меган Маркл одлучила да облече фустан без ракави со потпис на модниот креатор Џејсон Ву на гламурозната гала вечер под називот „100 Days to Peace“.
Меган Маркл блескала во прекрасен фустан во кралска сина нијанса без ракави и со миди-должина.
Она што на многумина им паднало во очи е дизајнот на предниот дел од фустанот каде има волани, совршени за криење бременост. Дали станува збор за случајност, сигурно ќе дознаеме наскоро, но јавноста не престанува да се прашува кога Меган и Хари ќе ја објават среќната вест.
Освен со фустанот, војвотката од Саксес воодушевила и со изборот на шик обувки во иста боја како фустанот украсени со блескави детали на каишот над петата и му даваат уште погламурозна нишка на целосниот изглед на прекрасната Меган.