Војвотката од Сасекс е на породилно отсуство и затоа веќе извесен период е далеку од очите на јавноста. Но, за церемонијата „Поздрав на боите“ во чест на 93-от роденден на кралицата Елизабета Втора, Меган Маркл се појави во јавност во друштво на принцот Хари.
За оваа прилика, Меган носеше темносин фустан од Живанши, додека принцот Хари носеше кралски костум.
Војвотката изгледот го надополни со француска баретка и сини ракавици, а мејкапот е многу дискретен.