На доделувањето на Британските модни награди за 2018 година синоќа во Ројал Алберт Хол во Лондон, во силна конкуренција, брилираше Војвотката од Сасекс. Во црна кадифена тоалета, Меган Маркл ѝ ја честиташе наградата на дизајнерката на Живанши- Клер Вејт -Келер која беше добитничка на наградата за најдобра женска колекција.
Келер беше дизајнерка на венчаницата на Меган Маркл, но и на другите тоалети за кралското појавување низ светот.
На црвениот килим на овој гала настан продефилираа многу битни личности од модниот свет, како уредничката на американскиот Вог-Ана Винтур и дизајнерот Карл Лагерфелд.
Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер е модел на годината, а Пиерпаоло Пициоли, дизајнерот на Валентино, е дизајнер на годината, Гучи е прогласен за бренд на годината, Мучиа Прада ја освои наградата за особен придонес во модата.
Вирџил Аблох ја освои наградата „Урба лукс“, Демна Гвасалиа од Баленсиага е дизајнер на годината за модни додатоци, а Ким Џонс од Диор за машка колекција.