Војвотката од Сасекс, Меган Маркел, била предупредена од обезбедувањето да престане сама да ја затвора вратата на автомобилот од кој слегува, за време на официјални настани – пишува “Дејли мејл”.
Причината – автомобилите со кои патуваат членовите на кралското семејство автоматски се заклучуваат и во случај на евентуален напад, ако вратата е затворена тогаш ова може да ја забави нивната евакуација.
Меган Маркел беше забележана дека самата ја затвораше вратата на нејзиниот автомобил, а тоа предизвика бран на симпатии кај британското општество кон младата војвотка.
Но, кога го посети Окленд, Нов Зеланд, војвотката од Сасекс ја остави вратата на автомобилот, очигледно, по разговорите со нејзиниот шеф за безбедност.