Новите војвода и војвотка од Сасекс, Меган и Хари, го планираат својот меден месец и тоа не во тропски предел, туку во Канада, објави „ТМЗ“.
Според извори на „ТМЗ“, некогашната актерка од серијата „Костуми“ и принцот Хари наводно ќе одмораат во планинското одморалиште „Ројал ритрит“, на простор од околу 560 квадратни метри.
Во луксузниот апартман со шест соби, претходно веќе биле пречекани кралот Џорџ Шести и кралицата Елизабета во 1939 година, како и кралицата Елизабета Втора и принцот Филип во 2005 година.
Неименуваните извори навеле и дека ресортот за Меган и Хари нарачал некои работи што обично не ги нудат.
Сè уште не се знае кога кралскиот пар планира да отпатува на меден месец, но од „ТМЗ“ тврдат дека за нивната безбедност ќе се погрижеле и британските и канадските власти.
Американски „Пејџ сикс“ пишува дека Меган и Хари ќе одмораат „во најздодевното место на светот“.
Други медиуми, пак, бележат дека во одморалиштето престојувале Ентони Хопкинс, Џон Траволта и Бил Гејтс. Истото одморалиште послужи за снимање на филмот „Река без враќање“ од 1954 година со Мерлин Монро и Роберт Мичам.
– Врвен комфор е присутен во скеој детаљ на раскошните и удобни спални соби, затворени балкони и величенствениот камен камин – совршено место за забава за семејства и пријатели или прославување на посебни пригодни – пишува на страницата на ресортот.
Принцот Хари (33) и Меган (36) се венчаа на 19 мај.