Меган Маркл вчера се појави на поло мечот во Винздор каде била дојдена да го поддржи својот сопруг, принцот Хари. Иако војвотката од Сакекс не јавала коњ и удирала со палка, сепак имала важна улога во натпреварот: таа била задолжена да го предаде пехарот на победничкиот тим, кој на сета среќа го вклучувал и нејзиниот сопруг.
По мечот, Меган се запознала со шампионите и го предала трофејот на капитенот, поло ѕвездата и долгогодишен пријател на Хари, Начо Фигуерс. Потоа не можела да одолее, се свртела и го бакнала својот сопруг, прегрнувајќи го со двете раце.
Кога таа и Хари го напуштиле теренот, го погалила по грбот и потоа се фатиле за раце.
Инаку Хари и Меган не би смееле да ги покажуваат чувствата на јавни настани и обично не одат подалеку од тоа да се држат за раце или таа него под рака. Единствен пат кога јавно се бакнаа, беше на денот на нивната венчавка.
Нивното вчерашно однесување сепак има објаснување. Парот има обврска да не покажува чувства на јавни настани кои се однесуваат на кралското семејство, па си дадоа малку слобода, со оглед на тоа дека поло мечот е нешто што не се смета за нивна работа.