Меган врисна кога виде една личност во толпата (ВИДЕО)

- О, мој боже! -извика Меган одушевено кога во масата ја препозна некогашната менторка, глумицата Џиџи Перо (77).

2904

Војвотката од Сасекс Меган Маркл со својот сопруг, принцот Хари, во свечената кочија ги поздравуваше насобраните луѓе со насмевка на лицето кога во еден момент насмевката премина во одушевување кога здогледа една личност меѓу насобраната толпа долж патот.

– О, мој боже! – извика Меган одушевено, на што се сврте и принцот Хари, кога во масата ја препозна некогашната менторка, глумицата Џиџи Перо (77).

Меган благодарејќи на Џиџи стекнала актерска вештина, особено улогата во серијата „Сјутс“ со која стана славна.

Некогаш голема убавица Џиџи Перо станала ѕвезда уште како девојче во биографскиот филм „Мадам Кири“.

ФОТО: Инстаграм и Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...