МВР: Ги подобруваме условите за работа на полицајците, соработуваме со синдикатите

Тој информира дека Министерството за внатрешни работи во периодот од јуни 2017 година до сега постојано работело на подобрување на условите за работа на полициските службеници.

59

Ги подобруваме условите за работа на полициските службеници, соработуваме со синдикатите

Раководство на МВР e отворено за соработка со синдикатите, без оглед на репрезентативноста, и тоа се гледа не само по бројните средби туку и со преземените активности, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски, откако Независниот полициски синдикат на полицијата побара да биде вклучен во социјалниот дијалог.

– Секој реален предлог кој доаѓа од синдикалните организации за подобрување на условите за работа на полициските службеници го прифаќаме и реализираме. Јавноста  во изминатиот период беше сведок на реновирањето на десетина полициски станици и други објекти, како и набавка на униформи и друга опрема за да се овозможат подобри услови за работа на полициските службеници. Минатата недела нови униформи доби Единицата за специјални задачи, а деновиве се дистрибуираат униформите и за други полициски службеници – рече Ангеловски.

Тој најави дека  од 1 декември оваа година ќе бидат зголемени и платите на полициските службеници.

– Потенцираме дека и натаму интензивно ќе  вложуваме во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници, затоа што на тој начин ќе ги подобриме и резултатите во работата, од што бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија – додаде Ангеловски.

Тој информира дека Министерството за внатрешни работи во периодот од јуни 2017 година до сега постојано работело на подобрување на условите за работа на полициските службеници.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...