МВР: Во „Сити мол“ немало подметнато бомба

МВР соопшти дека од истиот телефонски број, преку кој е лажно пријавена бомба во „Сити мол“, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор. Трговскиот центар продолжи да работи со нормално работно време.

192

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека единици на министерството извршиле увид во трговскиот центар „Сити мол“ и утврдено е дека станува збор за лажна дојава за бомба.

„Од истиот телефонски број, преку кој е лажно пријавена бомба во „Сити мол“, на околу 40 граѓани во Скопје им се ипратени СМС пораки со покани да се јават во полициска станица на разговор. Ги информираме граѓаните дека покани за разговор во полициска станица Министерството за внатрешни работи доставува со писмо на домашна адреса или преку телефонско јавување на надлежниот инспектор, а не преку СМС пораки“, се наведува во соопштението.

Од трговскиот центар „Скопје сити мол“ информираат дека поради лажната дојава денеска објектот бешеда биде затворен на неколку часа, додека не се применат сите светски стандарди за безбедност на трговски центри од затворен карактер.

„Како трговски центар им благодариме на сите кои се дел од нашите служби со чија помош успеавме безбедно да ги евакуираме сите посетители како и вработените во продажните места. Исто така сакаме да се заблагодариме на припадниците на МВР – Скопје, Противпожарните Служби на Град Скопје и Прва помош кои учествува во евакуацијата како и за решавање на целата ситуација. Истрагата е завршена, уште еднаш потврдуваме дека станува збор за лажна дојава и „Скопје сити мол продолжува да работи со нормално работно време“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...