„Мајкрософт“ во Јапонија ја тестираше идејата да се намали работната недела на четири дена. Тестот требало да покаже како скратената работна недела ќе се одрази врз вработените, но и врз ефективноста на работното место. Во експериментот учествувале 2.300 вработени кои имале продолжен викенд без намалување на платата и без скратени денови од годишниот одмор.
При тоа се покажало дека скратената работна недела ја зголемила продуктивноста за 40 отсто благодарение на пократките и поефикасни состаноци. Вработените биле воодушевени од ваквиот начин на работа, а 92 отсто од нив ја пофалиле идејата за четиридневна работна недела и продолжен викенд зашто им помогнала во воспоставување подобра рамнотежа помеѓу работата и животот.
„Мајкрософт“ во Јапонија планира и да ги субвенционира семејните одмори на вработените и да им овозможи дополнително образование.