Мајкл Џексон ме силуваше кога имав 10 години, а потоа се венчавме

Еден од двајцата мажи кои во филмот тврдат дека биле жртви на силување на Мајкл Џексон, рекол дека откако бил силуван од страна на пејачот, потоа тој му понудил да се венчаат, што и го направиле.

3895

„Напуштајќи го Неверленд“, документарецот за злоставувањето на момчињата кое се случувало на имотот „Неверленд“ од страна на поп-иконата Мајкл Џексон, имаше шокантен одзив во светските медиуми.

Џејмс Сејфчук, еден од двајцата мажи кои во филмот тврдат дека биле жртви на силување на Мајкл Џексон, рекол дека откако бил силуван од страна на пејачот, потоа тој му понудил да се венчаат, што и го направиле.

– Ми купи прстен со дијаманти. Го сакав накитот и често ми го купуваше и ми го даваше по сексот – рекол Сејфчук.

Мајкл Џексон, според наводите на Сејфчук, им купил куќа на неговите родители откако сведочеле во неговата корист кога Џордан Чендлер во 1993 го обвинил за силување.

– Мајкл Џексон беше манипулатор. Сакаше да зависите од него. На тој начин ги убеди моите родители поради филмската кариера да го напуштам школувањето. Го напуштив, а потоа тој по седум години одеднаш исчезна од мојот живот – рекол Сејфчук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...