Мајките кои се склони кон контрола, раснат деца со послаби социјални вештини

Ново американско истражување заклучува дека децата на родители кои премногу се грижат за своите потомци додека се мали, имаат помала способност да ги контролираат своите чувства и импулси во текот на раснењето што води кон проблеми во училиште.

309

Според труд објавен во научното списание Developmental Psychology, истражувачите набљудувале во кој стадиум мајките на малите деца (до 36 месеци) доминираат во играта и им покажуваат на своите деца што да прават, а потоа проучувале како се однесувале тие деца во следните 8 години.

Заклучиле дека родителството кои се склони кон контролирање е поврзано со низа проблеми кај децата во текот на раснењето.

„Родителите кои нагнуваат кон преголема контрола најчесто имаат многу добри намери и се трудат да им биудат поддршка на своите деца. Меѓутоа, за стимулирање на емоционалните вештини и однесувања родителите би требало да им дозволат на децата да искусат спектар на емоции и да им дадат простор да се испробаат и да се обидат да управуваат со тие емоции незваисно, а да им помагаат само кога задачата ќе им стане премногу тешка на децата“, рекла за Гардиен коавторката на студијата др. Никол Пери од Универзитетот во Минесота.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...