Жена во САД била осудена на 40 години затвор, откако го претепала двегодишниот син, поради тоа што се измокрил в кревет. Како што пренесува „Еспресо.рс“, жената која била пијана, признала дека во напад на бес го тепала синот со ремен со нитни, го фрлила на земјата и го шутирала по главата и стомакот.
Триесетгодишната мајка, исто така, признала дека заедно со алкохолот, земала и аналгетици. Таа се разбеснила уште повеќе, откако синот ѝ се обратил со името на блиската роднина, која до неодамна се грижела за него.
Тужителот во случајот рекол дека детето имало крвавење во мозокот, изгореници на главата од гаснење цигари и ужасни повреди на гениталиите.
По смртта на детенцето, неговата мајка заедно со баба му ја исчистиле крвта, ги избришале трагите и повикале Итна помош. Тие рекле дека детето се задавило од сок од јаболко.
Мајката убиец рекла дека се кае, а бабата тврдела дека не е виновна, а ќе ѝ се суди во ноември.
На полицајците што го воделе овој случај им се слошило поради бруталноста со која било постапено кон детето.