Мајка на момче кое живее како девојче: Од 4 години знаеше дека е во погрешно тело

Иако има само 7 години, момченцето кое некогаш се викало Џејкоб, денеска се вика Алис. Откако неговите родители и официјално му го смениле името, за Алис почнале да употребуваат и заменки во женско лице. Така тој и официјално станал ТАА. Што би направиле вие во ваква ситуација?

1310

Уште од најрана возраст мајката на малиот Џејкоб почнала да забележува кај него невообичаено однесување, но не му придавала преголемо внимание. Оваа 40-годишна мајка која има уште две деца, како што истакнала за Hull LiveАлис уште од четиригодишна возраст знаела дека е родена во погрешно тело. Но и порано од тоа инсистирала да носи фустани и на сите им зборувала дека кога ќе порасне ќе стане принцеза и ќе живее во дворец. На возраст од три години нејзината мајка одлучила да ѝ ја исполни желбата, ѝ купила фустан и од тој момент ѝ дозволила да живее онака како што сака и како што се чувствува.

Се вртеше во круг од среќа и си го галеше фустанот со рацете, а јас си помислив дека тоа повеќе не смеам да го негирам“, објаснила мајката и додала дека Алис ја користела секоја можност да носи фустан.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...