Децата на Џени Бонел од Австралија знаат дека доколку живеат во нејзината куќа мора и да работат, а доколку случајно заборават на своите обврски, можат да ги најдат на големиот планер на кујнскиот ѕид.
Нивните обврски Бонел започнала да ги пишува на лист хартија, но сега постои формален распоред кој ѝ помага совршено да управува со домаќинските работи.
Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг работи полно работно време, Бонел не може сама да се грижи за сите домашни обврски па ѝ помагаат нејзините деца кои се на возраст од 5 до 29 години.
Џеси, Брук, Клер, Натали, Карл, Семјуел, Камерон, Сабрина, Тима, Брендон, Ив, Нејт, Рејчел, Ерик, Дамјан и Кејтлин се нејзините 16 деца кои морале да „скокнат на помош“. Иако сега само 13 од нив живеат со Џени, тие сите и понатаму ѝ помагаат.
– Сè уште имаме многу луѓе во куќата, така што мислам дека е многу важно да се задржи редот во хаосот – рекла Џени.