Кирсти Болдвин се нашла на мета на крадец кој ѝ ја украл чантата, па јавно му се обратила за да ѝ врати само една работа која се наоѓала во неа, а која ѝ значи повеќе од сѐ.
Се работи за прамен од косата на нејзината ќерка Ели Луис, која пред шест години ја изгубила битката со бронхијално воспаление на белите дробови, кога имала само две години. Кирсти, праменот од косата од својата ќерка оттогаш го носи во чантата, пренесува Би-би-си.
Чантата ѝ била украдена во средата во ноќните часови од автомобилот, а полицајка од Манчестер, каде се случил овој немил настан, вели дека кражбата многу го потресла семејството на Кирсти.
Кирсти (35) го опишала крадецот како „запуштен белец на возраст од 40-50 години, со долга и темна коса собрана во пунџа“, кој ја отворил совозачката врата и ја зграпчил чантата, пред таа да успее да го заклучи автомобилот и да ги земе своите работи.
Во торбата имала таблет, поголема сума евра и мала, но и мала чанта во која бил отсечениот прамен од русата коса на Ели ламинирана на картичка. Болдвин вели дека тоа е „единствено што ѝ останало од ќерка ѝ“.
„Ако некој ја пронајде косата прикажана на фотографијата, го молам да направи добро дело и да ја однесе во најблиската полициска станица. Благодарам“, рекла растажената Британка.
На нејзините зборови се надоврзала и полицајката: „Таа коса е многу значајна за целото семејство и не може да се врати веќе никогаш, затоа на мајката ѝ е очајнички потребно да ја добие назад.