Веста за смртта на познатиот кулинар и телевизиски презентер, Ентони Бордејн продолжува да биде актуелна недела по неговата смрт. Одлуката да стави крај на својот живот ги изненади сите, а тука влегуваат и неговите блиски.
Мајката на готвачот даде интервју за „The New York Times“, во кое зборува за последните моменти со него и една прогонувачка мисла која не и дава мир.
Гледис Бордејн е долгогодишен уредник во медиумот, пред кој зборува. Таа вели дека ништо од однесувањето на нејзиниот син не покажало дека има намера да изврши самоубиство.
– Тој е последниот човек на светот, за кого би кажала дека мисли да го стори тоа – категорична е госпоѓа Бордејн.
Готвачот и колега на Ентони, Ерик Риперт кој го најде во хотелската соба, споделил на Гледис дека во деновите пред самоубиството бил со помрачно расположение од вообичаеното.
Сепак, мајката на готвачот гледа логична причина тој да одлучи да стави крај на својот живот.