Мачорот по име Мистер Бу го спаси своето семејство од труење, така што ноќта додека луѓето спиеле, непрекинато мјаукал кога куќата се наполнила со јаглерод-моноксид.
Семејството во американскиот град Синсинати вели дека седумгодишниот мачор Бу веќе почнал да се зашеметува од дејството на гасот, но не престанувал да мјаука, што на сопствениците им било невообичаено, па знаеле дека нешто не е в ред.
– Се онесвести неколкупати обидувајќи се да не разбуди. Тоа беше неверојатно, оти никогаш ппорано така не мјаукал. Како да чекал цел живот да го направи ова херојско дело, изјави неговата сопственичка, која исто така за момент се онесвестила во текот на драмата.
Таа, како и нејзината мајка и мачето биле изнесени надвор од татко и и нејзиниот брат.
Истрагата покажа дека протекол гасниот бојлер во подрумот.