Мачорот Ахил предвидува победа за Русија вечерва

Пред него беа поставени две чинии со храна, означени со знамињата на двете земји.

132

Мачорот Ахил во музејот Ермитаж во Санкт Петербург типуваше на Русија за првиот натпревар од годинешното Светско фудбалско првенство, во кој се среќаваат домаќинот и Саудиска Арабија.

Пред него беа поставени две чинии со храна, означени со знамињата на двете земји. Ахил се двоумеше, но на крајот отиде кај чинијата со знамето на Русија, па како награда доби и руски дрес.

– Тој ја сака својата татковина и не можеше да донесе поинаква одлука, рече потоа ветеринарката вработена во музејот, Ана Кондратева.

Ахил стана популарен минатата година кога, за време на Купот на конфедерации во Русија, кога успешно погоди неколку победници.

За разлика од Ахил, лемурот Спартак во Зоолошката градина во Екатеринбург се обложи на Саудиска Арабија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...