Во текот на модната ревија на Кристијан Диор Круз во Маракеш, Мароко, на огромната модна писта се појавил ненајавен гостин.
На пистата сосема неочекувано се појавила мачка која ноншалантно прошетала.
Мачката се појавила во моментот кога сите модели на завршувањето на ревијата излегле на сцената, но симпатичното животно „им го украло шоуто“.
Мачката се движела во спротивната насока од моделите, кои носеле долги елегантни фустани, држејќи се упорно на својата насока и пробивајќи се кон публиката која воодушевено ја снимала оваа глетка.
ФОТО: Скриншот/Јутјуб