Мафијата во Италија убила човек кој е под заштита на полицијата, јавноста во шок ВИДЕО

320

Непознати сторители го убиле бтратот на крунскиот сведок против мафијата иако бил под посебна полициска заштита, јавија агенциите.

Убиен е 51-годишниот сведок со најмалку 20 куршуми додека го паркирал автомобилот во гаража во јадранскиот крајбрежен град Песара.

Инцидентот предизвикал гнев во јавноста бидејќи жртвата била под посебна заштита на Министерството за внатрешни работи.

Убиениот, наводно е брат на член на мафијашката организација „Ндрангете“.

– Песара е шокирана дека е убиен човек кој бил под полициска заштита – рекол градоначалникот Матео Рици.

Министерот за внатрешни работи Матео Салвини најавил дека градот ќе го посети утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...