На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне се одржa традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која учествуваа околу 1.000 матуранти од Скопје.
На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти беше најавена и во други градови низ земјава.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.