Велат дека е како коров… „Боцни едно и ќе ти се рашири толку многу што нема да знаеш што да ѝ правиш“, ми вели госпоѓа Зорица подавајќи ми букетче од маточина додека се шетаме низ Матка, долу, покрај реката…
Јас ја мирисам и си велам: Ако, каков преубав мирис, нека се рашири колку сака. И веќе си замислувам како пијам чај од свежа маточина или си ставам 2-3 ливчиња во салата. Не е лоша ни изблендирана, зедно со сок од лимон и малку мед.
Да, мириса на лимон и кога ќе ја мириснете еднаш, не можете да ѝ се изнамирисате.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.