„Матица македонска“ отвори книжарница-галерија

279

Книгоиздателството „Матица македонска“ отвори книжарница-галерија во центарот на Скопје, спроти плоштадот „ВМРО“.

Салонот е конципиран за љубителите на книгата и на ументоста да им овозможи да се информираат за најзначајните лектирни изданија за основно и средно образование, како и за најновите дела на познати македонски и светски писатели.

– Посебно место заземаат изданијата објавени на македонски и на англиски јазик за македонската историја и фолкор, за народните носии, везови и накит, потоа за македонските манастири и цркви, за познатите резбарски центри и соборни храмови, како и монографски книги за Македонија, Скопје и Старата скопска чаршија, Охрид, Свети Наум Охридски, Курбиново – велат од „Матица“.

За љубителите на уметноста, пак, достапни се дела на познатите македонски сликари: Ордан Петлевски, Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Коле Манев, Павле Кузмановски, Иван Велков,Стефан Хаџи Николов, Владо Георгиевски, Решат Амети, Симон Шемов, Драги Хаџи Николов-Аџи, Ниче Василев, Миле Корубин, Драган Аврамовски-Гуте…

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...