Матис ја обвини Сирија дека не ги пушта инспекторите од ОПЦВ до локациите на наводниот хемиски напад

- Со други зборови, пауза по таков напад се користи за да се расчистат доказите пред истражниот тим да добие пристап - рече Матис.

58

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ја обвини сириската Влада дека одложува да им дозволи на инспекторите на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) да пристапат до локациите на наводниот хемиски напад.

Тој додаде дека тоа е стратегија што се користела во минатото.

– Сосема ни е јасно дека тоа доцнење на делегацијата и е наметнато од страна на режимот, но исто така сме сосема свесни за тоа како тие дејствувале во минатото и никого не пуштале на места каде што е користено хемиско оружје, рече Матис.

– Со други зборови, пауза по таков напад се користи за да се расчистат доказите пред истражниот тим да добие пристап – додаде тој.

ФОТО: EPA-EFE/SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...