Матис: САД мора да го зајакне присуството на Арктикот

За време на посетата на Аљаска, Матис додаде дека затоплувањето на Арктикот открива нови морски патишта и резерви на нафта.

83

САД треба да го зајакнат своето присуство во Арктикот и да обрнат внимание на овој се поважен за развој дел од светот, нагласи американскиот секретар за одбрана, Џим Матис.

За време на посетата на Аљаска, Матис додаде дека затоплувањето на Арктикот открива нови морски патишта и резерви на нафта.

Се верува дека во тој регион има повеќе нафтени и наоѓалишта за природен гас отколку во Саудиска Арабија и Русија. Затоплувањето на Арктикот ја зголемува веројатноста за трка за ресурси во регионот.

– Значи, вистината е дека ќе мораме да реагираме на развојот на Арктикот, не само за транспорт, туку и за истражување на енергетските ресурси, рече Матис. Тој го спомена зголемувањето на присуството на американската крајбрежна стража во регионот.

И САД и Русија се заинтересирани за забрзано истражување на Арктикот, при што Русија го зголемува своето воено присуство на север. Русија иницираше зајакнување на своите позиции на Арктикот по распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...