Матеуш Моравјецки повторно премиер на Полска

63

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ќе остане на функцијата, откако на парламентарните избори на 13 октомври повторно победи конзервативната партија Право и правда, со мали измени меѓу министрите и организацијата на ресорите во однос на претходната влада.

– Тоа е влада на континуитет. Продолжување на „добрата промена “. Сакаме да направиме сè со цел ситуацијата на Полјаците за четири години да биде уште подобра. Полска сè повеќе ќе биде држава на благосостојба. Достигнувањето на просекот на Европската унија е клучна цел за нас. Полјаците треба живеат подобро и да се гордееме со својата земја – рече синоќа сегашниот и иден премиер Моравјецки, објавувајќи го составот на еднопартиската Влада на Право и правда.

Во новата влада, шеф на дипломатијата останува Јацек Чапутович, но одземени му се сите европски работи за кои досега беше задолжен неговиот заменик Конрад Шимањски, кој со целиот тим се сели во канцеларијата на премиерот Моравјецки.

– Во овој случај, промената е голема. Целата Дирекција за европски прашања ќе биде составен дел на Кабинетот на Премиерот. Го замолив заменик министерот Шимањски да ја продолжи својата мисија. Има тешки, напорни преговори за спроведување на европското законодавство во полската економија и влијанието на таа регулатива од страна на Унијата – рече Моравјецки.

Поради амбициите на ЕУ во борбата против климатските промени, чии цели настојуваат да ги стигнат и земјите од Вишеградската четворка, чии стопанства, особено полското, се повеќе ориентирани на јаглен и имаат потреба од поголеми инвестиции во чисти технологии и енергија, полското Министерство за животна средина е поделено на две, Министерството за животна средина, кое ќе вклучува национални паркови, заштита на животната средина, едукација и лов и Министерството за клима.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...